
Како да ги здиплите маиците за 3 секунди: Методот со штипка.
Сте ги испрале алиштата, со Bonux 3in1 за бели, шарени или посебни алишта, сте ги тргнале од жицата и сега имате огромен куп маици и други алишта кои стојат на фотелјата. Ако не Ви е дојдено до пеглање или едноставно немате време, можете да го искористите методот на диплење за 3 секунди. Маиците со кратки ракави ќе бидат совршено здиплени и само треба да ги сместите во гардероберот.
Еве го „методот со штипка“ со кој брзо и лесно ќе ја здиплите секоја маица:
Чекор 1.
Поставете ја маицата на рамна површина (маса или кревет) свртена со лицето нагоре и измазнете ја за да ги отстраните наборите.
Чекор 2.
Замислете една линија која оди надолу од средината на рамото на маицата до основата. На оваа линија, замислете три точки:
А – На средина од маицата Б – На рамото од маицата, на половина помеѓу јаката и работ на ракавот В – На основата од маицата
Чекор 3.
Фатете ја маицата со левата рака на точка А.
Фатете ги со прстите двете страни од маицата.
Чекор 4.
Фатете ја точка Б со десната рака.
Чекор 5.
Цврсто држете ја маицата и префрлете ја десната рака преку левата за да ја фатите точката В со десната рака. Рацете треба да ви се прекрстени. Држете ја точка Б со прстите од левата рака, а точките А и В со прстите од десната.
Чекор 6.
Држејќи ја маицата, испружете ги рацете, при што десната рака ја враќате назад преку левата. Малку протресете ја маицата за да нема набори и за ракавите да се исправат.
Чекор 7.
Поставете ја маицата на рамна површина со свиткани ракави.
Честитки!
По користењето на ефективниот детергент, совршено ќе ги здиплите алиштата за 3 секунди.