
Американците имаат најсмешни празници, како Денот на пешкирите (25 мај) или Денот на гумената патка (13 јануари).
Но, календарот на специјални прослави не би бил целосен без Националниот ден на перењето, кој се одржува секоја година на 15 април.

Денот на перењето датира од средината на 1800-тите, кога пронаоѓачот и поетот Емет Ли Дикинсон ја создал првата корпа за перење на тркала. За да го промовира својот изум, Дикинсон го истркалал по улиците на неговиот роден град и почнал да ги повикува своите соседи да се приклучат на „крстоносната војна за чиста облека“.
Вреди да се спомене дека во 19. век, пред да се пронајдат автоматските машини, перењето алишта било мачна активност која барала многу физички труд, енергија и вода и траела со часови.
Пронаоѓачот на количката за перење алишта мислел дека е паметна идеја да постави пролетен ден за „прослава на чистата облека“, кога сите ќе ги перат алиштата во исто време како забавна активност, а не како домашна работа. И бил во право, бидејќи прославата се одржува до ден денешен.

Во денешно време, Денот на перењето се слави – очигледно – со перење алишта.
Исто така, добро време е да се провери состојбата на машината за перење и да се поправи нешто ако е скршено или да се замени нешто ако недостасува. Можете исто така да пробате нов детергент, да тестирате подобар регенератор или дури да ги подучите вашите деца за уметноста и науката на сортирање на нивните алишта во корпата за перење.
Еве еден забавен факт за пронаоѓачот Емет Ли Дикинсон: тој помогнал да се создаде првата машина за пишување. Како резултат на тоа, првите шест букви на тастатурата – од првите машини за пишување до денешните паметни телефони – го сочинуваат името на неговата ќерка, Кверти (Qwerty).