
Седум совети за перење алишта.
Познато Ви е чувството кога конечно ќе најдете прекрасен фустан, кошула која совршено Ви стои, интересна маица или штосна капа? Еве неколку совети како алиштата да Ви останат чисти, свежи и да изгледа како штотуку да сте ги купиле секогаш кога и да ги облечете.
1. Одделете ги белите од шарените алишта.
Како и вообичаено.. Познато Ви е дека бојата од шарените алишта излегува и ги обојува белите, особено на висока температура. Можеби не знаевте дека може да користите марамчиња за впивање бои за да не дојде до тоа: марамчињата ги привлекуваат пигментите што се раствораат во барабанот на машината за алишта, па ризикот од обојување се намалува.
Освен тоа, детергентот Bonux 3in1 пере ефикасно и на ладна вода од 20°C, така што шансите за размачкување уште повеќе се намалуваат. Сепак, како општо правило, најдобро е белите алишта да се перат одделно од шарените.
2. Одделете ги белите алишта… од белите!
Ви текнува ли кога белите маици потемнеле? Па, ако перете многу валкани алишта заедно со помалку валканите, честичките кал, прав, трева, боја и така натаму, ќе завршат во барабанот и оттаму, на сите алишта. Па, паметно е да ги отстраните тврдокорните дамки пред стандардното перење.
Изберете која било варијанта од детергентите Bonux 3in1 за бели алишта, зависно од мирисот што Ви се допаѓа.
3. Нека биде црно.
Црната е силен пигмент кој лесно ги обојува другите алишта.Еден совет: перете само црни алишта – или темни, доколку сте весела личност и не обожавате премногу црни парчиња во вашиот гардеробер. Проверувајте ги етикетите и перете алишта со исти спецификации (во машината не перете алишта кои се перат рачно). Добро е да ги превртите наопаку црните алишта, со закопчани патенти и спојници, за да се намали триењето и да не дојде до оштетување или избледување на бојата. Сепак, не закопчувајте ги копчињата за да не се скршат или да не се оштетат отворите за копчиња. Користете посебен детергент за црни алишта, по можност со програма за брзо перење и на ниска температура. За среќа, Bonux 3in1 е исто така ефективен и во ладна вода.
4. Избегнете го шаренилото во барабанот на машината за перење.
Организирајте ја облеката по боја – пастелните нијанси одделени од јаките бои, како што се црвената и портокаловата, или пак одделни од сините и зелените тонови. Имајте предвид дека новите алишта пуштаат боја во машината за перење, па е добра идеја неколку пати да ги исперете одделно за да не ги обојат другите алишта. Секако, ова може да се спречи доколку ги користите марамчињата Color Sheet. Изберете детергент за шарени алишта и перете ги со ладна вода. Без грижа, Bonux 3in1 е ефикасен дури и на 20°C.
5. Внимателно негувајте ја облеката.
Се виткате со крпа веднаш штом се искапете или истуширате, кога телото е најмногу изложено на бактерии. Логично е да ги перете крпите одделно на долга програма со топла вода за темелно да се исчистат. Сакате уште поголема заштита? Применете го истиот специјален третман за долната облека и постелнината. Познато е дека децата имаат нежна коа, па обрнете посебно внимание при перењето на нивните алишта. Пробајте го специјалниот детергент Bonux 3in1 Soft Chamomile, одобрен од германските дерматолози.
6. Сакајте си ги маиците и фармерките.
Ако е точно дека алиштата се нашата втора коа, мора да имате неколку омилена парчиња кои сакате да ги носите што подолго. Еве што може да направите:
Исперете ги маиците со принтови со вода на ниска температура. Исто така, дури и маицата да е бела, не користете детергент за бели алишта за да не се уништат боите на принтот.
Перете ги фармерките превртени наопаку со ладна вода на кратка програма со кратки вртежи (400-600 rpm). Не заборавајте да ги проверите упатствата на етикетата пред да ги исперете фармерките и да ги закачите веднаш штом се исперат, по можност на отворено. За повеќе детали проверете ги информациите на етикетата.
За среќа, имате голем избор: сите варијанти на Bonux 3in1 се ефективни во ладна вода и ги заштитуваат боите на алиштата. Сакате да преземете дополнителни мерки? Користете ги марамчињата Color Safe за да ги задржите ослободените бои.
7. Ослободете ги алиштата!
Сушењето на алиштата во машина за сушење е, секако, брзо решение, но не е идеално. Кога и да можете, закачете ги алиштата на отворено. За да заштедите енергија, овој природен метод е добар за деликатните алишта: фустани, фини блузи, опрема за јога, за да го зачуваат својот оригинален облик.
Идеалниот избор за спортската опрема е специјалниот детергент Bonux 3in1 Sport & Outdoor. Тестирајте го и облеката подоцна ќе Ви биде благодарна!